Матсуока: Имаме тешка ситуација, но со навивачите можеме со Алкалоид

Екипата на Охрид гради моќен тим за следната сезона, но во плеј-офот од оваа сезона ќе мора да ја подобри својата игра, доколку сака да обезбеди пласман на меѓународна сцена. „Гладијаторите“ плеј-офот го започнаа со една победи и два порази, а сега пред себе имаат уште еден сериозен предизвик и дуел со освојувачот на Купот, екипата на Алкалоид. 

Јапонскиот среден бек Хироки Матсуока е свесен дека пред нив е уште еден тежок натпревари, но верува дека со поддршката од трибините ќе може да се избори поволен резултат. 

„Иако не сме во нашиот најсилен состав и се наоѓаме во тешка ситуација, веруваме дека со вашата поддршка можеме да го надминеме и следниот тежок натпревар. Да се бориме заедно“, гласеше пораката на јапонскиот ас.  

Натпреварот меѓу Охрид и Алкалоид се игра в среда во салата „Билјанини Извори“, со почеток од 18:00 часот.