Матлиевски: Струга е квалитетна екипа, но Пролет оди на победа за заверка на плеј-оф

Ракометарите на Тинекс Пролет одлично го запичнаа вториот дел од сезоната во Суперлигата, својата победнчка серија посакуваат да продолжи и на утрешниот натпревар против тимот на Струга. 

Новиoт суперлигаш без дилеми е поквалитетен од Вардар јуниор и од Радовиш, но тренерот Матлиески и неговите избраници се подготвени со добра игра да стигнат до посакуваната победа со која и дефинитивно би бил ставен печат на пласманот во плејофот. 

„Победа во Струга е она што сите го посакуваме, за уште утре да ставиме крај на сите дилеми и да го оствариме она за што работиме од стартот на сезонава, пласман во плеј-офот. На сите ни е јасно дека нема да биде нималку лесно, бидејќи противникот е квалитетен, а и дополнително се засили во изминатиот период. Ги победивме убедливо во првиот круг, но сметам дека конечниот исход од тој меч не е реален сооднос на силите меѓу двата тима. Затоа, ќе мораме да одиграме најдобро што знаеме ако сакаме да стигнеме до посакуваниот резултат“, истакна тренерот Матлиески, роден стружанец кој првите ракометни чекори ги направи токму во овој град.

Според стратегот на Пролет, клучно ќе биде да се наметне сопственото темпо и да не се дозволи домаќинот да го диктира ритамот на натпреварот.

„Стружани се склоп на младост и искуство, а играта ја базираат на цврстата одбрана, а додека во нападот инсистираат на подолги акции. Мислам дека нашите шанси за успех ќе бидат поголеми ако успееме да наметнеме побрзо темпо, со што би им создале проблеми на домаќините“, заврши Матлиески.

Во рамките од 17. рунда во Суперлигата покрај дуелот Струга – Пролет ќе се одиграат уште, Прилеп – Пелистер, Охрид – Еурофарм Работник, Радовиш – Бутел Скопје односн Вардар Јуниор – Борец.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0