Матлиевски: На хартија сме фаворити, но тоа треба да се оправда и на терен

Екипата на Струга со серија од три реми средби во низа гостува кај Пролет во седмото коло од овогодишниот плеј-оф.

Домашниот тим важи за фаворит, а тренерот Никола Матлиевски посакува повторување на добрите изданија од изминатите неколку натпревари.

„Пред нас е еден тежок натпревар, во плеј-офот нема лесни ривали, а Струга на претходните натпревари покажа дека може да се носи со секого. Тоа е квалитетна и искусна екипа што знае како да ја чува топката, трпеливи се во нападот и играат цврсто во одбраната. На хартија сме фаворити, но тоа мора да се оправда на терен, со максимално ангажирана игра во текот на сите 60 минути. Само со целосна фокусираност и играње на 100% од почеток до крај можеме да стигнеме до бодови кои ни се од огромна важност“, вели тренерот на Пролет.

Пролет нема пораз на домашните дуели со денешниот противник, а тоа носи дополнителна самодоверба кај избраниците на Матлиевски.