• Иван Димовски

Ракометарите на Пролет викендов му гостуваат на Охрид, а тој меч од Суперлигата ќе биде сериозен предизвик за скопскиот тим.
Во пресрет на средбата тренерот Никола Матлиески го пофали ривалот и ги сподели своите очекувања. Тој нагласи дека гостувањето во „Билјанини Извори“ ќе биде исклучително тешко.
„Свесни сме за квалитетот на екипата на РК Охрид и атмосферата која не очекува во нивната сала. Тие со право ја носат етикетата на фаворит во овој натпревар. За нас, сепак, овој дуел е нешто повеќе од само потрага по бодови. Одиме во Охрид со јасна цел: да излеземе на терен максимално мотивирани, да ја покажеме најдобрата игра што ја можеме во овој момент и да се бориме за секоја топка сите 60 минути. Резултатот е важен, но уште поважно е да го подигнеме нивото на игра, да ги испробаме тактичките замисли и да се вратиме со позитивен впечаток кој ќе ни послужи како одлична основа за напорниот распоред што нѐ очекува“, изјави Матлиески.
Натпреварот меѓу Охрид и Пролет се игра вечерва во терминот од 19:00 часот.









