Матиќ: Како да игравме против друг Еурофарм, многу поквалитетен и помотивиран отколку во Битола! 

Екипата Татабања ја потврди лидерската позиција во групната фаза на ЕХФ Купот и со нова победа над Еурофарм Работник (30-27) патува во четвртфиналето на второто по ранг натпреварување на ЕХФ.

Стратегот на унгарскиот тим Владан Матиќ не го криеше своето задоволство од победата на своите пулени, а на Еурофарм Работник му посака многу среќа во завршницата од сезоната. 

„Како да игравме против друга екипа, Еурофарм Работник одигра далеку поквалитетен натпревар од оној во Битола. На стартот на мечот нè притисна и нè натера да грешиме, но за наша среќа се консолидиравме во вториот дел и стигнавме до посакуваната победа. Навистина горд сум на овие момци, кои денес покажаа дека знаат да се вратат по лошо одиграно прво полувреме, додека на Еурофарм му посакувам добра и успешна сезона на домашно тло“, рече српскиот стратег. 

Од групата Б, покрај Татабања во елиминационата фаза патува и Хановер, трет заврши Нексе, додека Еурофарм e класифициран на четвртата позиција. 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2