Матијас Гидсел официјално е најдобар светски ракометар за 2023 година

Десниот бек на Фуксе Берлин и репрезентативец на Данска, Матијас Гидсел, официјално е избран за најдобар светски ракометар за 2023 година. 

Леворакиот играч оваа година исто така беше и најдобар стрелец на Европското првенство (заедно со Мартим Коста од Португалија), а ова признание доаѓа како круна на неговата успешна сезона и веројатно претставува еден од најубавите моменти во кариерата.

Во најтесната конкуренција за оваа награда беа уште Андреас Волф од Киелце и кружниот напаѓач на Веспрем, Лудовик Фабрегас. Волф беше единствениот голман кој влезе во најтесната трка, но беше јасно дека признанието ќе замине кај Гидсел кој веќе неколку години игра во неверојатна форма и ги одушевува сите со својот луциден ракометен талент. 

Минатата година беше прогласен и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство, каде неговата Данска го одбрани светскиот трон и ја совлада Франција во големото финале. Гидсел исто така со Фуксе триумфираше во Европската лига на ЕХФ, заедно со поранешните вардарци, Дејан Милосављев и Мијајло Марсениќ.