Матеја Серафимова уште две години во австриски Штокерау

Македонската интернационалка, Матеја Серафимова, го продолжи договорот со австрискиот прволигаш Штокерау. 

Голманката која во претходите години го носеше и репрезентативниот дрес пристигна во тимот минатото лето, веројатно остави добар впечаток, па доби нов договор. Серафимова се очекува да остане во Штокерау уште две сезони, поточно да парафира до 2025 година. Штокерау сезонава се бори за влез во плеј-офот, односно стои на чекор зад водечките четири екипи. 

Во кариерата Серафимова во Австрија бранеше и за Егенбург, додека првите ракометни чекори ги имаше во редовите на Металург, а бранеше и за ПАОК (Грција), Славија Прага (Чешка), Ринкобинг (Данска) и Макаби Аразим Рамат Ган (Израел).