• Мартин Танасковски

Македонската репрезентативна голманка Матеја Серафимова ќе има нов предизвик во кариерата и потпиша договор со нов клуб во најдобрата лига во Австрија.
Девојката која е родена 1996 година се договори за соработка со Милнер Бау Штокерау, тим кој лани заврши на седмата позиција во австриската женска ракометна лига.
Се работи за клуб кој во минатото играше во еврокуповите. Австрија не е непознаница за Серафимова, со оглед на тоа што претходно бранеше за Егенбург.
Серафимова својата кариера ја почна во редовите на Металург, а низ неа играше и за ПАОК (Грција), Славија Прага (Чешка), Ринкобинг (Данска) и Макаби Аразим Рамат Ган (Израел).