• Сашо Поповски
Искусниот организатор на игра Мате Лекаи нема повеќе да го носи дресот на Веспрем.
Унгарскиот интернационалец по осум години заминува од клубот. Тековниот договор, кој му важеше до 30 јуни 2023 година, беше раскинат спогодбено.
Лекаи се израдува на голем број титули со Веспрем. Четири пати го освои унгарското првенство, на исто толку титули се израдува во СЕХА лигата, а Купот на Унгарија го освои шест пати.
Во осумте години средниот бек одигра 315 меча и постигна 753 погодоци.