• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски настапува во Бундеслигата, а од меч во меч има одлична статистика која го држи при врвот по пет одиграни кола.
Со вкупно 53 одбрани зад своето име во пет меча, Мартин Томовски е вториот најдобар голман во Бундеслигата по бројот на интервенции. Пред него е само Давид Спат, Германецот кој брани за Рајн Некар Левен, а има 64 одбрани.
Зад Томовски се Бертрам Облинг од Гумерсбах (50 одбрани), Ласе Лудвиг од Фуксе Берлин (47 одбрани) и Робин Хауг од Хамбург (41 одбрана).
Томовски и Битигхајм, сепак, ги чека битка за опстанок. Тимот на македонскиот голман има една победа во пет одиграни натпревари.



