• Мартин Танасковски
![](https://cdn.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2021/12/28/martin-popovski-zmicitia-dogovor.jpg?itok=OAeffIev)
Македонскиот ракометен интернационалец Мартин Поповски нема да менува средина и понатаму ќе остане во Швајцарија каде ќе го носи дресот на Амичитија Цирих.
27-годишниот штипјанец во швајцарскиот прволигаш пристигна во 2020 година од редовите на Пролет. Брзо се афирмира како важен дел од првиот тим на „скакулците“, па затоа ја доби довербата да продолжи да го носи дресот на овој клуб и понатаму.
Во тимот на Амичитија, Поповски покрај што игра како крило, помага и на позицијата десен бек по потреба. Ракометарот и клубот потпишаа нов двегодишен договор.
Поповски, кој играше за репрезентацијата на Македонија кога селектор беше Лино Червар, во редовите на Амичитија пристигна од Пролет, а во кариерата настапуваше и за Вардар, Вардар Јуниор и Текстилец.