Мартин Поповски останува во Цирих и во следните две сезони

Македонскиот ракометен интернационалец Мартин Поповски нема да менува средина и понатаму останува да игра во Швајцарија.

Крилото кое е родено 1994 година останува да ги брани боите на Цирих. Играчот и клубот потпишаа нов договор и соработка во времетраење во следните две години.

Поповски е еден од главните играчи во Цирих, а во новата сезона ќе биде дел од евро-куповите на ЕХФ.

Играчот е во Швајцарија од 2020 година, а претходно настапуваше за Пролет, Вардар и Текстилец.