Мартин Манасков потпиша нов договор со Тинекс Пролет

Порaнешниот младински репрезентативец, Мартин Манасков, и во новата сезона ќе го носи дресот на Тинекс Пролет.

Помладиот од браќата Манаскови одигра одлично во минатата сезона, и беше еден од лидерите во тимот, по што челните луѓе на клубот му понудија договор за уште една година, која Манасков веднаш ја прифати. Интерес за неговите услуги пројавувале уште неколку домашни тимови, како и екипи надвор од државата, но понудата на скопскиот клуб била најконретна. 

24-годишниот ракометар, кој настапува на централната бековска позиција, претходно ги бранеше боите на Металург и Вардар Јуниор.