Мартин Ивановски е МВП на турнирот во Струга!

Хитот во македонскиот ракомет, Охрид, ја одбрани титулата и повторно го освои Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2026“. Во драматичното финале одиграно на отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“, охридските „гладијатори“ триумфираа над екипата на Вардар со 31-30.

Ракометарот на Охрид, Мартин Ивановски, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на 54. издание на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2026“. Ивановски покажа одлични партии во дресот на охриѓани и целосно го заслужи ова престижно признание на игралиштето „Женска плажа“ во Струга.

Покрај признанието за Ивановски, кој летово се врати во својот матичен клуб, на турнирот беа доделени уште неколку клучни индивидуални признанија. 

Најдобар голман е Дино Славиќ, соиграч на Ивановски од Охрид, најдобар стрелец е Никола Јукиќ од Струга со 22 постигнати гола.