• Саше Љолес

Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, како и капитен на српската репрезентација, Мијајло Марсениќ, ги изнесе своите очекувања за баражот за Светското првенство, каде нашиот северен сосед ќе ги одмери силите со секогаш незгодната Унгарија.
Марсениќ очекува тимот да даде максимум од своите можности, потенцирајќи дека го познаваат квалитетот на ривалот, но ќе се борат до крај за остварување на целта.
„Очекувам полна сала и одлична игра. Мора да дадеме максимум за да бидеме што подобри на првиот меч. Реваншот ќе биде исто така тежок, но верувам дека имаме квалитет за да ја минеме Унгарија.
Знаеме дека се силни и конкретни во своите замисли, но и ние имаме што да кажеме на теренот. Свесни сме за тежината на предизвикот“, изјави Марсениќ.
Србија на 14 мај ќе ја пречека Унгарија во Ниш, а реваншот ќе се одигра три дена подоцна во Веспрем.





