Марсениќ си заминува од Берлин по девет сезони: Можно е враќање на Балканот!

Српскиот репрезентативец Мијалко Марсениќ ќе го напушти Фуксе Берлин по крајот на сезоната 2026/27, со што ќе заврши неговата деветгодишна епизода во германскиот клуб.

Искусниот кружен напаѓач пристигна во Берлин од Вардар 1961 и во дресот на „лисиците“ освои речиси сè што можеше да се освои, оставајќи длабока трага во една од најуспешните ери во историјата на клубот.

Клубот и Марсениќ заеднички потврдија дека летото 2027 година ќе биде крај на соработката. Србинот тогаш ќе има 33 години, а според пишувањата во српските медиуми, можна е преселба во Партизан, клубот во кој ја започна својата професионална кариера и стекна афирмација.

„Со гордост можам да се навратам на времето поминато во овој прекрасен клуб. Ми беше чест сите овие години да бидам тука и да бидам дел од историјата што заедно ја пишувавме и сè уште ја пишуваме“, изјави Марсениќ.

Иако разделбата е најавена, навивачите на Берлин ќе имаат можност да уживаат во неговите настапи уште цела сезона, во која српскиот кружен напаѓач најави дека ќе даде максимум за уште трофеи со „лисиците“.