Марсениќ: Ја освоив Лигата на шампионите со Вардар, но ова чувство...

Машката ракометна репрезентација на Србија се квалификуваше за Светското првенство, откако синоќа во реваншот од плеј-офот беше поразена од Унгарија со 31-30. Во првиот натпревар во Ниш, „oрлите“ славеа со 31-29.

По натпреварот, еден од хероите на победата, но и играчот кој го постигна одлучувачкиот гол за српскиот тим, Мијајло Марсениќ истакна дека ова е еден од најважните моменти во неговата кариера.

„Многу сум горд, ова е еден од најважните моменти во мојата кариера. Ги освоив и Бундеслигата и Лигата на шампионите, но оваа квалификација на Светското првенство е прекрасна за нас“, рече еден од најискусните српски ракометари.

Светското првенство во Германија ќе се игра од 13 до 31 јануари 2027 година, а ждрепката е закажана за 10 јуни.