Марсениќ: Благодарност до соиграчите што ме направија најгорд капитен на светот

Мијајло

Србија приреди вистинско изненадување на стартот од квалификациите за Европското првенство. На домашен терен нашиот северен сосед ја победи Франција и го отвори циклусот со голема победа.

Капитенот на српската репрезентација и поранешниот член на Вардар, Мијајло Марсениќ, по мечот им се заблагодари на соиграчите за една работа.

„Би сакал да им честитам на Французите за фер и коректната игра. Што да кажам по ваква победа, ова е нешто нереално. Како што разговаравме претходните денови, најважно е целиот тим да верува во нешто добро, ние верувавме од почеток, особено во одбраната со одличниот Милосављев на голот, и бевме паметни во нападот, застанавме на полуконтра.

Да продолжиме, ова е почеток на нешто ново. Благодарност до моите соиграчи и стручниот штаб што ме направија најгорд капитен на светот“, изјави кружниот напаѓач.

Французите одиграа без неколку првотимци кои беа дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите на крајот од минатата година.