Марсениќ: Апсолутни фаворити сме и таа улога мора да ја оправдаме

Еден од тројцата кружни напаѓачи во актуелниот ракометен првак Вардар, Мијајло Марсениќ во пресрет на дуелот против Кристијанштад изјави дека токму „црвено-црните“ се тие кои се фаворити и дека мора в сабота по мечот да се радуваат на победата.

„Дуелот против Кристијанштад е многу важнен за нас, пред се психички да се вратиме на правиот пат. Тие доаѓаат да одиграт без притисок, како што кажа нашиот тренер. Добро трениравме минатата недела, мора да го спречиме тој нивен опасен контранапад. Апсолутни фаворите сме и ќе се обидеме да го оправдаме овој епитет“, изјави Марсениќ.

Дуелот помеѓу Вардар и Кристијанштад на програмата е в сабота, а мечот ќе се одигра со почеток од 17.30 часот во СЦ „Јане Санадански“