Марковски за Gol.mk: Металург е поискусна екипа од нас, целта ни е третото место

Борче Марковски

Битолски Пелистер ја официјализираше соработката со Борче Марковски, кој доби договор до крајот на сезоната и ќе се обиде да го врати Пелистер во ракометна Европа. По запознавањето со екипата, битолчанецот Марковски го даде и првото интервју, ексклузивно за Gol.mk:

„Сакам прво да упатам честитки за освоената есенска титула. Сега на преостанува во подготвителниот период максимално да се подготвиме и да ја постигнеме целта, која ја поасакуваат сите битолчани и амбициозната управа - излез во Европа. Во взаемни консултации со управата заеднички се договоривме да доведеме уште 2-3 засилувања, на оние позиции за кои сметаме дека се дефитицарни. Следува вториот дел од првенството, па потоа и плеј-офот, за кој ни треба и широк ростер на играчи. Сметам дека и покрај финансиските проблеми кои ги има Металург, поради искуството од изминатите сезони, има предност за освојување на второто место, но мислам дека ќе бидеме далеку поконкуренти во однос на минатите сезони. Во овој момент мислам дека е најреално да конкурираме за третото место, со тимот на Еурофарм Работник“.

Новиот тренер на Пелистер своето деби на клупата ќе го има на 10 март, бидејки во првото коло од продолжението на сезоната лидерот на табелата е слободен.