• Зоран Мишевски

Пелистер остана без тренер по вториот пролетен пораз од Еурофарм Работник. Борче Марковски си поднесе оставка по убедливите 22-15 во битолското дерби. Само четири натпревари траеше епизодата на младиот тренер, кој го наследи Алушовски, но денешните 22-15 во полза на Еурофарм Работник беа причина во соблекувалната по натпреварот да им соопшти на ракометарите дека заминува.
Пелистер половина година беше без пораз под Стевче Алушовски, кој загуби од Радовиш во првото коло и нанижа 12 победи потоа од септември до декември. Како и минатата сезона лошиот старт на плеј-офот го чини Пелистер тренерска смена. Пред 12 месеци замина Каменица и сезоната ја заврши Алушовски.
Во следното второ коло од плеј-офот по две недели битолските зелени гостуваат кај Пролет во Скопје.