Марковски „гази“ во Франција, неговата Авенсоа се искачи на врвот на табелата

Поранешниот македонски репрезентативец и капитен на сениорската селекција, Иван Марковски продолжува со блескави резултати во својата прва меѓународна тренерска епизода. Имено, битолчанецот и овој викенд забележа победа во француската втора по ранг лига во ракомет за жени, откако со својата екипа Авенсоа го победи третопласираниот Кан со 36-33.

Со овие бодови екипата на Марковски се искачи на врвот во Втората француска лига и младиот тренер добива пофалби од сите страни. Поранешниот тренер на Еурофарм Работник го натфрли планот на клубот и бележи резултати какви што управата и навивачите не очекуваа.

Марковски има долг договор со Авенсоа и се очекува да го продолжи надградувањето на клубот и во иднина да го внесе во елитната категорија.

Во ситуација кога македонскиите ракометни тренери кои работат во странство се бројат на прсти, резултатите на Марковски се за секоја пофалба.