Маркоски: Против Вардар нè чека нова голема битка, сакаме да се вратиме со Куп-трофеј!

Еурофарм Пелистер втора година по ред ќе игра во финалето на Купот на Македонија, откако во второто полуфинале во Кавадарци на рутински начин го совлада Бутел Скопје, со резулат 

Пелистерци уште од самиот старт диктираа свое темпо на игра и во ниту еден момент не го доведоа во прашање победникот на натпреварот. Никола Маркоски е задоволен од пласманот во финалето и се најави нова голема битка со големиот ривал.

„Бутел Скопје е одлична екипа и игра квалитетен ракомет, но ние докажавме зошто бевме фаворит на овој дуел. Имавме некои измени во вториот дел, со цел да се сочува свежината и тоа ни донесе пад во играта. Но, кога беше најпотребно со мирни глави успеавме да се вратиме и да славиме сигурна победа. Против Вардар нè чека голема борба и сите се надеваме дека во Битола ќе се вратиме со Куп-трофејот“, рече македонскиот репрезентативец.

Во големото финале в недела Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Вардар, кој во битката за мечот за титула го совлада Еурофарм Пелистер 2.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија