Маркоски од Еурофарм Пелистер 2 се сели во Прилеп

Екипата на Прилеп се пофали со нов ракометар за следната сезона и во своите редови ќе го доби кружниот напаѓач Петар Маркоски.

28-годишниот ракометар од Струга во Прилеп доаѓа од редовите на Еурофарм Пелистер 2, носејќи со себе искуство, сила и борбеност на линијата од шест метри.

Маркоски стави потпис на договор со времетраење од две години, со што ќе биде важен дел од екипата во наредниот период.

Прилепчани во Маркоски очекуваат цврста игра во одбраната, сигурна реализација во нападот и вистинска енергија на теренот.