• Мартин Танасковски

Никола Маркоски си ја заврши задачата во двата правци на натпреварот против Катар, во кој Македонија успеа да слави со 39-34 и ја запиша втората победа на Светското првенство.
По дуелот, репрезентативецот, кој е специјалист за играта во одбрана, истакна:
„Одигравме одличен натпревар, на кој заслужено дојдовме до победа. не дозволивме ривалот во ниту еден момент сериозно да ни се доближи.
Од катарскиот табор не успеаја да не изненадат со нивната игра, гледавме видеа и добро се спремивме. Не видовме ништо ново од нив, добро си ја спремивме одбраната и дојдовме до бодови со висок број на постигнати голови“, изјави Маркоски.
Македонија досега одигра две нерешени средби на СП 2025 против Унгарија и Австрија, а ги победи Катар и Гвинеја. Мечот со Франција е на 25 јануари од 20:30 часот.