Марко Тарабокија има нов ангажман, ќе игра во Дабас од Унгарија

Босанскиот интернационалец Марко Тарабокија замина од Металург и го засили унгарскиот прволигаш Дабас. 

33-годишникот кој настапуваше во Суперлигата на Македонија, по отстапувањето од европските натпреварувања реши дека е време за нов предизвик. Сепак, ниту со Дабас нема да се натпреварува во евро-куповите на ЕХФ, бидејќи овој унгарски тим минатата сезона беше во грчевита битка за опстанок. Клубот има политика на промовирање на домашен производ и речиси 90% од играчите се Унгарци. 

Дабас ќе биде осми клуб во кариерата на Тарабокија. Својот ракометен пат го започна во Загреб, па преку Марибор и Азоти Пулави дојде до квалитетната Висла Плок. Потоа настапуваше и за Чургои, а минатата сезона беше дел од Металург. Тарабокија исто така од 2015 година до денес собра 17 настапи и за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.