• Саше Љолес
Македонскиот ракометар Марко Мишевски добива нов интернационален ангажман и во следната сезона ќе го носи дресот на францускиот клуб Курнон Доверњ.
Левиот бек настапуваше за Вардар 1961 и со 24 години веќе има освоено неколку титули (три трофеи во домашното првенство, три Купа на Македонија, една СЕХА лига во 2019 година), а беше дел и од составот на Вардар кој ја освои Лигата на шампионите во 2019 година.
„Змејовите“ веќе го најавија како ново и големо засилување кое ќе треба да го пренесе своето богато искуство во новата средина. Беше претставен како двометарски „џин“, кој треба да придонесе и во нападот и во одбраната.