• Иван Димовски
Македонскиот ракометар Марко Мишевски заминува за нов интернационален предизвик, откако беше претставен како нов член на Сисак. Станува збор за новиот прволигаш во Хрватска кој ќе настапува во групата Б во тамошниот шампионат.
Мишевски е претставен како врвно засилување од страна на Сисак за бековската линија, меѓутоа и за дефанзивата која низ кариерата му беше силна страна.
Во Хрватска македонскиот ракометар доаѓа од редовите на Макаби Ришон, а претходно беше дел и од Пролет, Металург и Вардар во мак-ракометот. Во кариерата Мишевски освен настапите во Израел има искуство и во Франција каде што беше дел од Гренобл и Курнон Доверњ.
