„Марка“: ЕХФ разгледува три опции кој да го замени Вардар 1961 во ЛШ!

Најдоцна до петок Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе одлучи како ќе го пополни местото кое го ослободи Вардар 1961 со суспензијата од европските клупски натпреварувања. Има многу комбинации, нагаѓања и шпекулации. Шпанска „Марка“, која е директно заинтересирана за иднината на Грањољерс (вицешампион во АСОБАЛ лигата и барател на „вајлд-карта“), изнесе три варијатни.

Според најтиражниот шпански весник прва варијатна е да му се понуди местото на вицешампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер. Втора опција е сигурно место да добие седмопласираната нација по ранкинг, Хрватска. Така, шампионот на оваа земја ППД Загреб наместо да бара „вајлд-карта“ ќе добие директно место во групната фаза. Третата варијанта е местото на Вардар 1961 да не биде пополнето и наместо шест, да бидат доделени седум специјални покани. 

Освен ППД Загреб, повик на ЕХФ очекуваат Нант, Алборг, Веспрем, Висла Плоцк, Иштад, Гранољерс, Целје, Мотор Запорожје, Елверум. Сигурни учесници во Лигата на шампионите се Магдебург, Кил (Германија), Барселона (Барселона), ПСЖ (Франција), Киелце (Полска), Порто (Португалија), Динамо Букурешт (Романија), ГОГ Гудме (Данска) и ПИК Сегед (Унгарија).

Ждрепката за групната фаза е закажана за втори јули.