• Мартин Танасковски
Европска ракометна федерација (ЕХФ) ги објави официјалните лица за завршниот турнир во Европската лига (ЕЛ) во женска конкуренција кој ќе се игра во Дижон, а меѓу нив ќе има и македонски претставник.
Искусниот Марјан Начевски е назначен за делегат на второто полуфинале, во кое домаќинот Дижон ќе се соочи со унгарскиот Естергом. Начевски ќе има улога и на финалниот ден од турнирот, а дополнително ќе биде одредено кој меч ќе му припадне.
Натпреварот е закажан за 16 мај со почеток од 18:00 часот, додека претходно во првото полуфинале ќе се сретнат Турингер и Виборг.


