Марио Гичев потпиша нов договор со Прилеп

Македонскиот ракометен суперлигаш, Прилеп, задржа уште еден ракометар кој минатата сезона беше еден од најстандардните во ростерот на Горан Кузманоски.

Средниот бек Марио Гичев останува во градот под Марковите Кули и ќе му се стави на располагање на новиот стратег на тимот, Реваз Чантурија. Гичев во Прилеп пристигна на почетокот на оваа година од редовите на Тиквеш и беше вистински погодок на раководството на клубот. Во својата кариера претходно настапуваше уште за Вардар 2, Работнички, Пролет и Јуниор КВ.

Прилепчани ова лето уште се засилија и со искусниот кружен напаѓач, Пеце Ѓорѓиоски, а продолжен беше договорот со младото крило Христи Бикоски.