Марина Митоска се сели во Битола, Анчева е следна желба на ЖРК Пелистер

Македонскиот претставник во Челинџ Купот, екипата на ЖРК Пелистер делува многу активно во преодниот рок и договара засилувања за сезоната 2019/20.

Така, според последните информации на голот на битолчанки следната сезона треба да застане еден од најдобрите голмани во Женската лига, Марина Митоска од Стружанка.

Таа се согласи да премине во Битола и недостига само официјализација на трансферот. 

Голема желба на управата на ЖРК Пелистер е Марија Анчева од Гевгелија. Воспоставен е првиот контакт и целта на битолскиот клуб е да ја доведе во својот ростер и следната сезона да направи исчекор во обид да загрози и некоја од погорните позиции на табелата во Женската лига.