Мараш: Еурофарм Пелистер беше вистински потег и покрај многубројните понуди кои ги имав!

Двајца ракометари на Еурофарм Пелистер, Томислав Кушан и Матео Мараш, дебитираа за сениорската репрезентација на Хрватска. Новиот селектор, Хрвоје Хорват им даде шанса на Еврокупот и двајцата ја искористија. Десниот бек, големиот талент Матео Мараш, смета дека доаѓањето во Македонија беше вистински чекор за неговиот напредок, и покрај понудите од гиганти и поранешни европски шампиони.

„Се осмелувам да кажам дека Еурофарм Пелистер беше вистински потег. Поранешниот селектор Жељко Бабиќ е одличен тренер, пријатно е да се работи со него. Тој беше одлучувачки во изборот на клубот, иако имав понуди од Загреб, Целје, Адемар Леон, Тулуз ...

Еурофарм Пелистер е добро организиран клуб, јас сум убеден дека многу ќе напредувам. По натпреварите во Академијата Балиќ-Метличиќ, каде имав поддршка од исклучителни луѓе, како Балиќ, Метличиќ, Анушиќ ... ова е убав чекор во мојата кариера“, рече младиот хрватски бек.

Мараш се осврна и на дебитантските настапи на „каубојите“ под водстсво на новиот селектор, Хрвоје Хорват. 

„Ова е посебно и уникатно чувство - остварување на сите желби. Искрено, не очекував повик од селекторот Хорват вака рано. Сепак се сметам за млад играч, на кого му претстои долг пат“, заврши Мараш.

Еурофарм Пелистер заврши голема работа и го откупи договорот со младиот хрватски бек, потпишувајќи перманентен договор со него за уште две сезони.