Манасков речиси перфектен, Веспрем со осум разлика го среди ППД Загреб! 

По неочекуваниот пораз на бранителот на титулата, Вардар, на гости кај Мотор Запорожје, во второто дерби од вечерашната програма на СЕХА лигата, противниците на Еурофарм Работник одиграа атрактивен натпревар, па Веспрем славеше убедлива победа над ППД Загреб од 36-28.

Хрватскиот шампион играше рамо до рамо со големиот фаворит само во почетните десет минути, во кои имаше и водство од два гола разлика, но Штрлек и Тонесен со серија на голови за првпат го одлепија Веспрем на +3 (9-6). Сепак, избраниците на Тамше ја подобрија својата игра, ги анулираа грешките во одбраната и израмнија на 10-10, но Штрлек и Лекаи го одведија својот тим на позитива на полувреме од два гола (17-15). 

  • Потег на натпреварот: 

Влах со својот втор вечерашен гол донесе ново израмнување на ППД Загреб, по шест минути игра во вториот дел (19-19), но во продолжението хрватскиот шампион остана без сили за надигрување и Веспрем од минута во минута ја зголемуваше предноста, која на крај застана на осум гола (36-28).

  • Извештај од натпреварот: 

Штрлек со пет од пет и Благотничек со пет од шест беа најдобрите поединци кај Веспрем, додека нашиот репрезентативец Дејан Манасков беше реализатор на четири гола од пет обиди. Кај тимот од Загреб се истакна Хрстиќ со пет гола.  

Најнови вести од
СЕХА Лига