Мандиќ: Еурофарм Пелистер ни е шанса за нови домашни бодови во ЛШ

ППД Загреб направи изненадување и го победи Колштад на домашен терен во Лигата на шампионите. Еден од хероите беше Матеј Мандиќ, голманот кој фати 17 топки меѓу стативите.

Чуварот на мрежата на загрепчани говореше за актуелната сезона во Лигата на шампионите и кажа дека дуелот со Еурофарм Пелистер е шанса за бодови за Загреб на домашен терен во елитата.

„Во Лигата на шампионите има се. Алборг го добива Киелце, па тој губи од Сегед, па Киелце ќе го добие ПСЖ, па Еурофарм Пелистер му се спротистави на Кил... Клубовите уште ја бараат формата, само што стартува сезоната. Нашата група е тешка и единствен рецепт е да дадеш се од себе. Алборг и Еурофарм Пелистер се две добри домашни шанси кои ни следат да освоиме бодови. И за тоа мора да бидеме подготвени“, изјави голманот на загрепчани.

По три одиграни кола Загреб има една победа и два порази, додека Еурофарм Пелистер има три порази на три меча. Дуелот меѓу хрватскиот и македонскиот првак се игра на 19 октомври.