Мандиќ блескаше на голот, Хрватска се намачи за триумф над Аргентина

Ракометарите на Хрватска со победа го продолжуваат силниот пријателски турнир кој се одржува во Норвешка и во вториот натпревар потешко од очекуваното славеа над Аргентина со минимални 20-19. 

„Каубоите“ имаа предност од еден гол и на паузата (11-10), а во вториот дел публиката беше сведок на прилично неефикасна игра, со гранитна одбрана на двете страни. Избраниците на Дагур Сигурдсон влегоа во мечот со многу проблеми и губеа со 5-1, но потоа се соземаа и заиграа многу подорбо, што на крајот им го обезбеди и минималниот триумф. 

Хрватите малку го поправија впечатокот по убедливиот пораз од Норвешка во првото коло (32-26), но факт е дека многу нешта во нивната игра мора да се поправат набргу. Најдобри поединци во победата над Аргентина беа Иван Мартиновиќ со осум голови и голманот Матеј Мандиќ кој запиша дури 20 одбрани зад своето име.