Мандалиниќ заминува од Фуксе Берлин, Андересон негова замена

Големиот талент на хрватскиот ракомет, бекот на германскиот Фуксе Берлин Стипе Мандалиниќ ги раскина договорот со бундеслигашот и како слободен играч ќе бара нова средина. 

„Стипе нема да биде единствениот кој заминува. Економската ситуација е причината за оваа одлука на клубот“, рече менаџерот на „мечките“ Боб Хенинг.

Швеѓанецот Ласе Андерсон од Барселона замената за Мандалиниќ. Тој е прекуброен кај Пасквал, а со оглед на тоа што имаше премногу полесни повреди, а клубот смета на Ентрериос уште една сезона, нема иднина во АСОБАЛ лигата.

Фуксе Берлин е најголем губитник од прекинот на сезоната во Бундеслигата, а не виде многу полза и од доведувањето на Летонецот Кристопанс од Вардар.