Манасков за Столе и Жути: Ми беше задоволство, ќе фалите мангупишта!

Заминувањето во ракометна пензија од репрезентативниот дрес на Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски го испратија сите членови на репрезентацијата, па и оние кои вечерва не беа дел од спектаклот во СЦ „Борис Трајковски“ против Чешка.

Дејан Манасков, кој наскоро ќе се врати во репрезентацијата по повредата на социјалните мрежи ги искажа своите чувства за двајцата соиграчи кои последен пат играа за Македонија

„Што да кажам за вас двајца. Ако тргнам да пишувам ќе ми требаат неколку дена. Ми беше чест и задоволство што заедно ги делевме и добрите и лошите моменти во репрезентацијата сите овие години. Сите победи и порази, сите наши заеднички дружења. Фала ви за се мангупишта. Ќе фалите!“, напиша Манасков на социјалните мрежи.

Левото крило започна со тренинзи и со сигурно ќе биде подготвен за летните активности на селекцијата и за квалификациите за следното Европско првенство.