Манасков солиден, Веспрем со убедлива победа се наостри за Еурофарм

Екипата на Веспрем продолжува со перфектната игра во домашниот шампионат, откако синиоќа ја запиша 13-та победа од исто толку натпревари. Пред својата публика бранителот на титулата со убедливи 37-26 славеше над Мезоковедси и на еден начин се наостри за предизвикот што го очекува во СЕХА лигата и дуелот со Еурофарм Работник. 

Мезоковедси одлично се држеше во првиот дел и изненадувачки постигна 17 гола во мрежата на европскиот вицешампион, но во вториот немаше сили да го задржи темпото и Веспрем направи разлика која донесе лесен триумф од 11 гола позитива.

Маргуч со 11 гола беше прв стрелец на натпреварот, Шмид постигна пет, а нашиот репрезентативец Дејан Манасков реализираше три гола.

Веспрем за два дена го чека дуел со македонскиот вицешампион против кого ќе сака да му се одмазди за неочекуваниот пораз во Битола од пред два месеци.