• Александар Ковачев

Во финалето на германскиот ракометен Супер Куп, кој се одигра во Штутгард се сретнаа шампионот Рајн Некар Левен, за кој настапува нашиот Дејан Манасков и тимот на Магдебург, а на крајот Манасков и Рајн Некар Левен се радуваа на титулата триумфирајќи со 27-24 (17-11).
Ракометарите на Магдебург во првиот дел беа рамноправни само во почетните минути во кои имаа гол предност. Некер најнапред израмни на 3-3 и во тој момент само ја зголемуваше предноста, на неколку пати имаше и највисоќи +6, за да на одмор „лавовите“ заминат со предност од 17-12.
#PixumSuperCup-Halbzeit! Das #Löwenrudel und die @RNLoewen in höchstform! Auf geht's @SCMagdeburg, da geht noch was! pic.twitter.com/vUR5MJLNTv
— DKB HBL (@DKBHBL) August 31, 2016
Во второто полувреме натпреварот започна со цврста игра на двете старани, а во таквата игра профитираа ракометарите на Магдебург, кои во 43. минута успеа да намалат на -2 (19-17). Следуваше период од пет минути без гол, кој го прекина Гвардиола со гол во 48. минута за водство од 20-17. Следуваше период кога германскиот шампион ја контролираше играта и враќаше со гол на секој постигнат на Магдебург, за да на крајот триумфираат со 27-24.
DA IST DAS DING! Wir holen uns den Pixum Super Cup 2016!
27:24 gegen den SC Magdeburg #LoewenLive #1team1ziel #PixumSuperCup— Rhein-Neckar Löwen (@RNLoewen) August 31, 2016
За ракометарите на Рајн Некар Левен денешната титула е нивна прва во Суперкупот на Германија. Манасков играше само во финишот на првиот дел, а поголем дел од дуелот стартер беше Сигурдсон. Рекордер по бројот на титулите е тимот на Кил со девет освоени трофеи. Противникот на Ран Некар Ловен во денешното финале, Магдебург има две титули Суперкуп шампион, а последната е во далечната 2001 година.