ВИДЕО: Манасков со гол за паметење – нова „магија“ од зад грб!

Дејан Манасков беше еден од најдобрите играчи на натпреварот меѓу Нант и Веспрем во Лигата на шампионите (24-28), а еден од головите кои го постигна беше вистинска магија која може да биде и гол на колото во елитата.

Брзоногото крило ја направи разликата во второто полувреме, а голот што го даде за 17-20 беше вистинска уметност. Манасков изведе атракција за паметење и покажа нова магија од зад грб.

  • Голот на Манасков против Нант:

Манасков заврши со пет постигнати гола и беше најдобар стрелец за својот тим. За Нант играше Кирил Лазаров, а и тој исто така постигна пет гола и беше најдобар стрелец во францускиот претставник во Лигата на шампионите.