Манасков: Сигурен сум дека Романците ќе понудат повеќе отколку во Скопје (ВИДЕО)

Со шест гола на натпреварот во неделата, Дејан Манасков ја поведе нашата репрезентација кон убедлива победа од осум гола против Романија. Неговите контра напади и голови од крилна позиција ќе ни требаат и денес на дуелот од 17.30 часот во Клуж.

„Треба да почнеме како да е 0-0, максинално да влеземе како и на првиот натпревар и ако можеме да победиме и тука. Сигурно имаат да понудат повеќе од тоа како играа на првиот натпревар. Имаат добар шут од дистинца, примивме многу голови од далечина и треба да внимаваме. Можеби овој пат ќе играат побрзо, брзо центар, па ќе не тераат да се враќаме побрзо во одбрана. Тоа се тие мали детали кои очекувам да донесат промена во нивната игра“, истакна за Gol.mk крилото на Веспрем. 

Погледнете го комплетниот разговор со Дејан Манасков:

Германските судии Маркус Хелбиг и Ларс Гајпел ќе ја делат правдата во дуелот кој почнува во 17.30 часот во салата „Хореа Демјан“.