Манасков: Секој почеток е тежок, сега сме чекор понапред

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Ракометарите на Македонија успешно го започнаа настапот на Мундијалот во Данска и Германија, откако славеа убедлива победа против Јапонија со 38-29. По мечот Дејан Манасков изјави дека е задоволен од триумфот, но и дека во следниот период мора да внимаваат и да ги поправат грешките, особено во одбраната.

„Ја оправдавме фаворитската улога. Мора да поправиме некои недостатоци за претстојните натпревари. Секој почеток е тежок, започнавме како што очекувавме и сега сме еден чекор понапред. Го респектираме противникот и на крајот остваривме заслужена победа. Мора да внимаваме во следните натпревари, доста голови примивме во транзиција и ќе треба многу побрзо да ги правиме измените, бидејќи поискусни екипи тоа сурово ќе го казнат“, изјави Манасков.

Утре нашите репрезентативци ќе имаат ден за одмор, а следен предизвик ќе биде дуелот против Бахреин. По разочарувањето во квалификациите во Грција, нашиот национален тим пак ги врати насмевките и главната групна фаза повеќе не е сон. 

 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0