Манасков: Се надевам дека заедно ќе го вратиме Вардар каде што припаѓа

Македонскиот првак Вардар 1961 се пофали со потписот на репрезентативецот Дејан Манасков. Тој доаѓа на левата крилна позиција за да го замени Тимур Дибиров, кој замина во ППД Загреб.

29-годишникот по шест години интернационална кариера се враќа во Македонија. Последен тим за кој настапуваше е унгарски Веспрем.

„Драго ми е што се враќам во Вардар по многу години. Се надевам дека сите заедно ќе ги оствариме целите и ќе го вратиме клубот каде што припаѓа, а и ќе се радуваме на нови успеси“, изјави Манасков.

Борец, Металург, Вецлар и Рајн Некар Левен се останатите клубови во кариерата на македонскиот ракометар.