Манасков реализира три гола во сигурниот настап на Веспрем во Загреб

Веспрем Загреб

Еден од фаворитите за титулата во СЕХА лигата, Веспрем, запиша победа во последното коло од групната фаза против ППД Загреб (23-26).

Унгарскиот гигант во комбиниран состав загуби кај Металопластика, а ден подоцна запиша нови бодови и осмо сезонско славје. Натпреварот го реши во своја корист во вториот дел, откако првите 30 минути поминаа без никаква разлика меѓу двата ривали.

Гостите одиграа за нијанса подобра одбрана од „плинарите“ во моментите кога се кршеше резултатот. Дејан Манасков го реализира вториот погодок во завршницата и обезбеди највисоки и за триумф доволни +4 на неколу минути до крајот.

Нашиот Манасков заврши со три погодоци, а најефикасни негови соиграчи беа Борозан со пет и Гајиќ со четири гола. 

Во рамките на групата А, Пекинг Спорт бо Загреб загуби од првакот на Украина, Мотор Запорожје со 23-30. 

Остануваат уште неколку меча за да се комплетира групната фаза, а потоа следува разигрувањето за пласман во четвртфиналето, каде засега сигурни учесници се Веспрем, Вардар и Мотор Запорожје.