Манасков прв стрелец во новиот триумф на Веспрем

Екипата на Веспрем продолжи да победува во унгарскиот шампионат. На домашен терен славеше над Егер (44-28) и останува најдобра екипа без пораз во ракометната елита во земјата.

Дека Веспрем ќе победи на овој натпревар беше јасно уште на полувремето, кога фаворитот на хартија имаше огромна предност од 22-11. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше феноменален и со девет гола беше прв стрелец на својот тим.

Веспрем во унгарското првенство има одиграно шеснаесет натпревари, а има едно изненадувачко реми со Чурго на Алем Тоскиќ, додека останатите се победи.