Манасков одличен, Веспрем ѝ одржа лекција на Татабања

Унгарско првенство или СЕХА лига за Веспрем на Дејан Манасков е сеедно. Во двете натпреварувања најтрофејниот унгарски клуб е неприкосновен. Вечерва во рамките од четвртото коло на унгарскиот шампионат Веспрем ја покажа својата класа и го декласира третопласираниот тим од минатата сезона Татабања со 33-22.

На прелесен начин тимот на Дејвис го победи истиот состав од кој загуби минатата есен во шампионатот. Ова е петта победа во серија на „црвените“ од Веспрем. Македонскиот репрезнтативец Дејан Манасков постигна три гола, а целиот тим делуваше разиграно. 

Дејвис ги изостави тројцата поранешни вардарци Вуко Борозан, Арпад Штербик и Рожерио Мораес.

В недела против првакот на Украина, Мотор Запорожје европскиот првак ќе дебитира во сезоната 2019/20 во Лигата на шампионите.