Манасков најдобар, Веспрем пак поразен во супер-дербито од ПИК Сегед

Како и во првиот дел од шампионатот на Унгарија, големото дерби на последните два шампиони им припадна на ракометарите на ПИК Сегед, кои го совладаа Веспрем на Дејан Манасков пред своите гледачи со 25-23. 

Нашето репрезентативно крило постигна шест погодоци, а запиша и три асистенции. Сепак, екипата на Дејвис постојано го ловеше домашното водство и не беше ни блиску до позитивен резултат. 

Откако зад себе оставија 22 натпревари, ракометарите на ПИК Сегед собраа 43 бода, дури 11 бода помалку од Веспрем.

ПИК Сегед, каде настапуваат Македа и Кањељас, теоретски може да биде противник на Вардар во четвртфиналето на Лигата на шампионите, ако двете екипи ги прескокнат осминафиналните пречки.