Манасков: На почетокот од кариерата притисокот поради татко ми и брат ми беше голем, но...

Ракометниот клуб Охрид зад себе остави одлична полусезона во Суперлиагата, а вечерва ќе се потруди истата да ја запечати со победа над Вардар Јуниор

Еден од најдобрите ракометари на тимот од покрај езерото, Мартин Манасков вели дека иако противникот е составен од млади ракометари, Охрид никако не смее да го потцени и се опушти. 

„Вардар Јуниор e релативно млада екипа и желна за надигрување и докажување. Во никој случај не смее да ги потцениме и да играме опуштено, туку да влеземе максимално во натпреварот и да го решиме во наша корист. Мислам дека одбраната која е на висина на задачата во текот на целото првенство е наша предност, а секако и нападот кој е доста ефикасен“, потенцираше Манасков.

25-годишниот бек стана и единствениот ракометар на Охрид кој се најде во поширокиот список на селекторот Данило Брестовац за претстојното Европското првенство. Манасков е дел од 28-те ракометари кои ќе ги започнат подготовките и од кои селекторот треба да ги одбере патниците на континенталниот собир.

„Среќен сум и чувството е прекрасно да се биде на поширокиот список од македонската репрезентација. Сакам од срце да им се заблагодарам на соиграчите, тренерот и целиот клуб кои ми овозможија да напредувам и бидам дел од стартот на подготовките. Јас ќе дадам максимум на тренинзите и се надевам дека ќе го поминам последниот филтер и ќе бидам дел од Европското првенство, што е сон на секој ракометар. На почетокот од кариерата притисокот поради татко ми и брат ми беше голем, но позитивен, а сега не чувствувам никаков притисок, туку тие ми се голема мотивација“, додаде Манасков.

Натпреварот меѓу Охрид и Вардар Јуниор се игра денес со почеток во 18:00 часот.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4