Манасков му пиша „петка“ на Ѓенѓеш

Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков имаше солидна партија за Веспрем во унгарскиот шампионат, каде фаворитот забележа нова победа.

Веспрем како домаќин успеа да го совлада Ѓенѓеш, со 38-32 (22-14). Домаќинот ротираше, им даде шанса на сите ракометари, но и покрај тоа постигна 38 гола. Работата беше решена уште по првото полувреме, кога фаворитот дојде до „плус осум“.

Дејан Манасков на оваа средба успеа да постигне пет гола, исто како Гајиќ и Маргуч. Прво име кај победникот беше Благотиншек со шест погодока. Кај Ѓенѓеш, Виловски реализира осум пати.

Веспрем е второто место на табелата во Унгарија со 42 бода, пет помалку од лидерот ПИК Сегед.